Сендфорд призна дека сакал да го убие Трамп

21.06.2016 12:01

За време на собирот во Лас Вегас тој му пришол на полицаец со образложение дека ќе побара автограм од Трамп по завршување на говорот. Но, веднаш потоа се обидел му го земе пиштолот.

Мајкл Сендфорд, Британецот кој се обиде да изврши атентат врз Доналд Трамп призна дека сакал да го убие републиканскиот кандидат за претседател на САД.

За време на собирот во Лас Вегас тој му пришол на полицаец со образложение дека ќе побара автограм од Трамп по завршување  на говорот. Но, веднаш потоа се обидел му го земе пиштолот.

Истрагата  покажа дека 20-годишниот Сендфорд кој порано се обидел да си одземе животот, немал ниту работа, ниту пак документи за легален престој во САД.