Сѐ повеќе се користат електронските услуги во здравството

21.06.2016 12:18

Најкористена електронска услуга е онаа за заверка на ортопедски помагала. Ја искористиле 13.412 осигуреници кои поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.

Вкупно 16.721 осигуреник досега ги искористиле електронските услуги во здравството, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Најкористена електронска услуга е онаа за заверка на ортопедски помагала. Ја искористиле 13.412 осигуреници кои поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.

Од воведувањето на електронските услуги, поднесени се и 1.022 барања за БПО, 1.078 извештаи за спреченост при работа, како и 1.209 предлог-оценки на привремена спреченост за работа

Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства, е исто така една од бројните придобвки од електронските услуги, наведува ФЗОМ.

Фондот изготви и видео туторијали - краток водич за поедноставно и точно информирање околу потребните чекори за користење на електронската услуга. Објавени се на веб страницата на ФЗОМ.