Објавен оглас за продажба на имотот на рудниците Злетово и Тораница

21.06.2016 12:58

Право на учество на продажбата имаат домашни и странски компании кои имаат концесија за експлоатација на олово- цинкова руда на територијата на Република Македонија.

Имотот на рудниците Злетово и Тораница, проценет на над 7 милиони евра, е понуден на продажба откако пред неколку недели Апелацискиот суд во Штип ја потврди одлуката на првостепениот суд за поништување на хипотеката која беше ставена десет месеци пред прогласување на стечајот од страна на поранешниот концесионер, индиската компанија Индо минерали и метали. Огласот е веќе објавен на веб страницата на Централен регистар.

Право на учество на продажбата имаат домашни и странски компании кои имаат концесија за експлоатација на олово- цинкова руда на територијата на Република Македонија.

Заинтересираните компании најдоцна до утре, 22-ри јуни, треба да уплатат депозит од 10 проценти од проценетата вредност на имотот или околу 750 илјади евра.

Електронската продажба ќе се одржи во петок, 24-ти јуни.