Србија
Петмина словачки туристи загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Алексинац
21.06.2016 13:18
Како што соопшти српското МВР, до несреќата дошло синоќа во 3.30 часот, кога автобус со словачки регистарски таблички излетал од автотпатот.

Пет лица загинаа кога словачки автобус со туристи излета од автопатот Белград- Ниш кај Алексинац. Повредени се 23 лица од кои седумина се задржани во Клиничкиот центар во Ниш.
Како што соопшти српското МВР, до несреќата дошло синоќа во 3.30 часот, кога автобус со словачки регистарски таблички излетал од автотпатот. Во него се наоѓале двајца возачи и 29 словачки државјани који се враќале од летување на Крф во Грција.
Причините за сообраќајната несреќа засега не се познати. Истрагата е во тек.
