Тодоров: Нема најави за лидерска средба
Вели дека засега нема најави за нова лидерска средба, бидејќи нема конкретен договор.

Министерот за здравство и шеф на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров очекува набрзо да има напредок во преговорите меѓу четирите партии за целосно спроведување на договорот од Пржино. Вели дека засега нема најави за нова лидерска средба, бидејќи нема конкретен договор.
Засега нема најава за нова лидерска и не би требало да има се додека нема нешто опипливо. Јас и пред некој ден кажав каде стои ВМРО-ДПМНЕ и каков е ставот на партијата во делот на избирачкиот список, така што очекувам дека многу брзо ќе има некаков напредок, изјави Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на пунктот на Итната медицинска помош во скопско Глумово.
Прашан за коментар за вчерашните протести, Тодоров рече дека карактеристика за СДСМ станаа деструкцијата, вандализамот, уништувањето и теророт и казнувањето на сопствениот народ само затоа што не ги поддржува.
