Долгот по основ на државни записи намален за речиси 25 милиони евра

21.06.2016 14:27

На 20-ти овој месец по основ на доспеани државни записи Министерството исплати 950 милиони денари, додека утре ќе исплати 1,125 милијарди денари.

Намалена е задолженоста по основ на државни хартии од вредност за скоро 25 милиони евра. Министерството за финансии по основ на доспеани државни хартии од вредност неделава ќе врати 2,075 милијарди денари или 33,75 милиони евра во стопанството, додека на денешната одржана аукција повлече само 569 милиони денари или 9,3 милиони евра.

На 20-ти овој месец по основ на доспеани државни записи Министерството исплати 950 милиони денари, додека утре ќе исплати 1,125 милијарди денари.

Оваа разлика банките ќе можат да ја пласираат како кредити во стопанството со што ќе се подобри неговата ликвидност.