Кокино ќе се афирмира како туристичка дестинација

21.06.2016 14:53

НАСА го смета Кокино за четврта најзначајна опсерваторија во светот која потекнува од бронзеното време. Продолжуваат активностите за промовирање на оваа дестинација преку уредување на просторот и отворање продавница за сувенири и организирање изложби и работилници...

Локалитетот Кокино ќе се афирмира како атрактивна туристичка дестинација. Стартува проектот„Кокино – македонски бренд“. Во наредните четири години просторот целосно ќе се уреди, се планира Центар во кој ќе се оддржуваат изложби, семинари и работилници, а ќе има и дел за продажба на сувенири и ресторан.

Кон крајот на август, на самиот локалитет ќе се оддржи фестивал со едукативни програми, работилници за стари занаети, астрономски предавања и патувачко кино. Веќе се закажани серија активности за афирмација на опсерваторијата. На 24 јуни во Археолошкиот музеј почнува меѓународниот научен симпозиум, на кој звучни светски имиња од областа на аргхеологијата и астрономијата ќе дискутираат за научната експлоатација на локалитетот.

НАСА го прогласи Кокино за четврта најзначајна опсерваторија во светот. Во овој локалитет досега се пронајдени околу 300 артефакти од бронзено време.

 

Анита Димитријевска