„Македонија вработува“ продолжува, се очекуваат 20 илјади нови работни места
Со новиот проект во период од една година се очекува да бидат отворени нови 15 до 20 илјади работни места.

Продолжува проектот „Македонија вработува“. Со новиот проект во период од една година се очекува да бидат отворени нови 15 до 20 илјади работни места.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на прес-конференција во Владата рече дека со спроведувањето на проектот во текот на една година и очекуваните 15 до 20 илјади работни места значително ќе се придонесе за дополнително намалување на невработеноста, развој на домашните компании и генерално за економски прогрес на државата.
Ќе бидат опфатени лица од ранливите категории, невработените до 35 години, од 35 до 50, над 50, како и на возраст над 58.
Според надлежните институции, во проектот „Македонија вработува“ во период од една година биле вработени 19 илјади лица.
