ЕК ќе деблокира милијарда евра помош за Турција

21.06.2016 15:11

Претставникот на Еврокомисијата истакна дека овие пари се од општоевропскиот буџет, додавајќи дека има сериозен проблем со собирањето на простанатите две милијарди евра кои треба да и ги дадат земјите- членки на Турција, согласно со договорот за запирање на мигрантскиот прилив.

До крајот на месецов Европската комисија ќе деблокира милијарда евра помош од механизамот на ЕУ за бегалците во Турција, изјави Оливие Ониди, заменик-директор на Европската генерална дирекција за миграција и внатрешни работи.

Претставникот на Еврокомисијата истакна дека овие пари се од општоевропскиот буџет, додавајќи дека има сериозен проблем со собирањето на простанатите две милијарди евра кои треба да и ги дадат земјите- членки на Турција, согласно со договорот за запирање на мигрантскиот прилив.

Над 3,7 милиони мигранти се влезени на територијата на Турција и се наоѓаат во нејзините бегалски кампови.