Македонски текстилни компании на деловни средби во Данска

29.01.2014 10:30

Осум компании од текстилната индустрија од Македонија денеска ...

Осум компании од текстилната индустрија од Македонија денеска во Копенхаген, Данска ќе имаат  деловна средба со фирми од Северна Европа, на која ќе ги презентираат своите производи и услуги. Станува збор за компаниите Албатрос, Еуросолид, Виеми, Алекс, Верамонд, Алзама, Линеа и АСМ.  На средбата, европските увозници ќе имаат одлична можност да се запознаат и воспостават деловни партнерства со македонските текстилни компании.
 
Целта на ова деловна средба е презентација на македонските фирми пред европскиот пазар, воспоставување на директни контакти и преговори со потенцијални купувачи, обезбедување на корисни информации во однос на пазарните трендови, конкурентноста, технологијата и цените. 
 
Средбата ќе овозможи и подобро позиционирање на македонските фирми на меѓународните пазари.
 
Деловната средба е организирана од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија заедно со Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS), Швајцарската програма за промоција (SIPPO) и Текстилно Трговско Здружение на Македонија.