Лажна закана ја крена на нозе белгиската полиција
Психички растроен маж со појас околу половината се заканувал дека ќе се саморазнесе во центарот на Брисел. Откако деминерите го совладале, откриле дека во појасот има сол и колачиња наместо експлозивна материја...

Белиската полиција на нозе по лажната закана на маж дека ќе се саморазнесе во центарот на Брисел. Откако бил приведен кај него не е пронајден експлозив. Ова предизвика паника во метрополата. Итно беше евакуиран центарот, сообраќајот беше запрен и затворени околните продавници. Се одржа и состанок на владиниот кризен штаб, по што премиерот Шарл Мишел изјави дека безбедносните сили се во состојба на готовност.
„Ситуацијата во моментов е под контрола. Со кризниот штаб ги разгледавме информациите што ни беа доставени. Јавниот обвинител детално да ја објасни ситуацијата. Засега се е под контрола, безбедносните служби се исклучително вниматели“, изјави белгискиот премиер Шарл Мишел.
„Деминерите го одзедоа појасот-бомба од осомничениот. Се утврди дека во него има сол и колачиња. Со тоа беше исклучена секаква можност за експлозија. Осомничениот им е познат на судските служби, станува збор за ментално растроен човек“, рече портпаролот на јавното обвинителство.
Терористичките напади во Париз, а особено нападите во Брисел на аеродромот Завентем и метро станицата Моленбенк го вклучија црвениот аларм на безбедносните сили во Белгија.
Минатата недела во широка полициска акција беа упсени 12 лица кои планирале напади во Брисел. Дека безбедноста ситуација во белгиската престолнина е алармантна предупредуваат и разузнавачките служби.
Според нивните сознанија кон Белгија и Франција тргнале нови терористички групи кои планираат напади во трговски центри, ресторани од американски синџири и на места каде што масовно се собираат граѓаните.
