Во тек вториот уписен рок на Институтот за филм во Охрид
Вкупно имало 18 кандидати. 11 ги исполниле условите за прием и тие со студиите ќе почнат од октомври.

Кандидати од САД, Индија, Мексико, Ирска се пријавиле на првиот уписен рок на објавениот конкурс за постдипломски студии на Институтот за филм - Филмска академија Охрид. Вкупно имало 18 кандидати. 11 ги исполниле условите за прием и тие со студиите ќе почнат од октомври.
„Секако, за сите студенти кои дополнително ќе бидат примени, важи можноста да бидат стипендирани од министерството, под услов да не се корисници на стипендија од друг давател. Годинава, поддршката во тој дел е значително зголемена, односно, ако минатата година доделувавме 20 стипендии, сега конкурсот предвидува да бидат доделени вкупно 30 стипендии во полн износ“,изјави заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.
