Ештон и Филе денеска во Киев

29.01.2014 10:50

Украинскиот претседател Јанукович ...

Украинскиот претседател Јанукович изјави дека парламентот ќе расправа за законот за амнестија на уапсените демонстранти доколку другите се повлечат од улиците и ги тргнат барикадите. И покрај тоа,  демонстрантите се се уште на улиците.
 
По оставката на премиерот Азаров, владата ќе остане да функционира уште 60 дена до формирањето нов кабинет. 
 
„Не знам што можев владата да стори без Азаров. Владата остана без лидерот, и останатите треба да го следат и да ги напуштат функциите, вклучувајќи го и претседателот“, вели Отец Павел од Киев.
 
Белата куќа ја поздрави одлуката на украинскиот парламент да го укине законот за забрана на демонстрации. Потпретседателот на САД, Џо Бајден му порачал на претседателот Јанукович дека треба да работи со опозицијата за изнаоѓање мирно решение за кризата. Тој истакнал дека Украина треба да се насочи кон ЕУ. 
 
Според рускиот претседател Путин, пак, странците не треба да се мешаат, и треба да ја остават Украина сама да си ги реши проблемите. 
 
Денеска во Киев ќе допатуваат шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон и комесарот за проширување, Штефан Филе. Средбата се случува еден ден откако претседателот Виктор Јанукович ја прифати оставката на владата и парламентот и ги поништи антипротестните закони. 
 
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека претставниците на ЕУ ја влошуваат кризата во Украина со политичко влијание.  Тој, вети дека промената на власта во Украина нема да го смени заемот на Русија и договорот за евтин природен гас со Киев. 
 
Марина Автовска