Можност за самостоен увоз на средства за заштита на растенијата

22.06.2016 09:41

Воведен е самостојниот увоз на средствата за заштита на растенијата. Освен дистрибутерите кои досега единствено имаа такво право, набавката на пестициди можат да ја направат и други правни лица кои ги исполнуваат условите со закон и кои имаат одобрение од Фитосанитарната управа...

Со воведувањето на таканаречениот паралелен увоз се овозможува повеќе фирми да набавуваат пестициди од странство.

Препаратите мора да се одобрени за употреба и регистирани во земјите на Европската Унија.

Право на паралелен увоз имаат правните лица кои имаат одобрение од фитосанитарната управа и кои ги исполнуваат условите во однос на вработено стручно лице, магацински простор, договор со правното лице од кое се набавува препаратот, со превод на македонски јазик и други потребни документи.

Одобрувањето за паралелениот увоз го издава фитосанитарната управа во министерството за земјоделство во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето.

 

Методија Трајков