Конференција за Самитот Париз Балкан 2016
Конференцијата ќе ја отворат министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорката на Франција, Лоренс Оер.

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска ќе се одржи конференција на тема „Париз Балкан 2016 – клучни предизвици и очекувања на Република Македонија“.
Конференцијата ќе ја отворат министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорката на Франција, Лоренс Оер.
На конференцијата предавање ќе одржи амбасадорот Антоан Грасен, задолжен од страна на француската влада за организација на Самитот за земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 4-ти јули годинава во Париз.
Грасен ќе направи презентација на Самитот и на темите што ќе бидат опфатени, од кои дел ќе биде посветен на регионалните инфраструктурни проекти и дополнителните мерки од областа на транспортот и енергетиката.
Најавено е присуство и на амбасадорите на Република Австрија, Ренате Коблер, на Германија, Кристине Алтхаусер и на Италија, Ернесто Белели.
