Построги правила за азилантите во Шведска

22.06.2016 10:18

Покрај тригодишниот престој, за поголемиот дел беглаци се воведени и мерки кои ограничуваат обединување на семејствата.

Шведскиот парламент усвои построги правила за барателите на азил поради проблемите со кои се соочи владата откако пристигнаа 163 илјади азиланти.

Покрај тригодишниот престој, за поголемиот дел беглаци се воведени и мерки кои ограничуваат обединување на семејствата.

Стапуваат во сила на 20 јули и се однесуваат на сите кои влегле во земјата по 24 ноември.

Шведска има 10 милиони жители и, заедно со Германија и Австрија, е најомилената европска дестинација за бегалците од Сирија и Ирак.