Јордан ги затвори границите
22.06.2016 10:36
Не се знае кој го извршил нападот од сириска територија во близина на бегалски камп.

Јордан ги затвори граничните региони со Сирија и Ирак по самоубиствениот бомбашки напад во кој загинаа 6 војници. Не се знае кој го извршил нападот од сириска територија во близина на бегалски камп.
„Ги преземаме сите потребни чекори. Првиот е затворање на граничната област каде што се случи инцидентот. Тоа е затворена воена зона. Исто така, нема да градиме нови, ни да ги прошируваме постојните бегалски кампови“, изјави Мохамед Момани, портпарол на Владата.
Последниот напад беше извршен со камион полн со експлозиви кој со голема брзина ја минал границата од Сирија и експлодирал кај воен пункт во Јордан.
