Трета ротација на словачки полицајци во Македонија

22.06.2016 11:45

Од амбасадата на Словачка информираат дека полицајците ќе бидат опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање, со мандат од 30 дена, и можност за продолжување на мисијата.

Утре во земјава пристигнува третата ротација со 25 припадници на словачката полиција. Единицата ќе биде распределена во областа на Дојранското Езеро на јужната граница, каде ќе спроведува заеднички патролни активности со македонските сили, со цел превенција во областа на јавната безбедност и спречување неовластеното преминување на државната граница.

Од амбасадата на Словачка информираат дека  полицајците ќе бидат опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање, со мандат од 30 дена, и можност за продолжување на мисијата.

Словачка досега во Македонија испрати вкупно 75 полициски службеници.