Попоски: Кризата има цена на чинење, потребно е одговорно однесување
Политичката криза има цена на чинење, но доколку го одржиме фокусот на спроведување на идните реформски приоритети, без оглед на напредокот на политичкиот дијалог, ќе докажеме дека Македонија има капацитет да води преговори со ЕУ. Оценката за тоа сепак ќе ја донесе Европската Комисија, изјави денеска шефот на македонската дипломатија...

Политичката криза има цена на чинење, но доколку го одржиме фокусот на спроведување на идните реформски приоритети, без оглед на напредокот на политичкиот дијалог, ќе докажеме дека Македонија има капацитет да води преговори со ЕУ. Оценката за тоа сепак ќе ја донесе Европската Комисија, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на средбата со новинари по повод одржувањето на претстојната Париска конференција за Западен Балкан .
Во однос на ставот на шефот на грчката дипломатија Коѕијас дека Атина е против воведување санкции за Македонија, Попоски рече дека Грција најдобро ја знае залудноста на санкциите кои ѝ ги воведе на Македонија во деведесетите години и оти сите соседи треба да си направат математика колку би ги чинеле санкциите во соседството.
Попоски и Антоан Грасин, француски амбасадор задолжен за организирање на Парискиот самит за Западен Балкан, истакнаа дека во фокусот на форумот ќе бидат економијата, инфраструктурата и мобилноста на младите.
