Обама ги продолжи санкците за лицата кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан

22.06.2016 13:09

Белата Куќа соопшти дека одлуката се однесува на лица кои учествуваат или финансиски или на друг начин го поддржуваат екстремизмот во Босна и Херцеговина, Косово и во Македонија, создаваат пречки за спроведување на Дејтонскиот мировен договор во Босна и Херцеговина и на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност за Косово.

Американскиот претседател Барак Обама ги продолжи за уште една година санкциите против лицата кои ја загрозуваат стабилноста на Западниот Балкан.

Белата Куќа соопшти дека одлуката се однесува на лица кои учествуваат или финансиски или на друг начин го поддржуваат екстремизмот во Босна и Херцеговина, Косово и во Македонија, создаваат пречки за спроведување на Дејтонскиот мировен договор во Босна и Херцеговина и на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност  за Косово.

Во соопштението се вели дека овие луѓе со своите активности го нарушуваат мирот и меѓународните напори за стабилизирање на состојбата на Западен Балкан и продолжуваат да претставуваат многу голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Овој вид американски санкции беа воведени во 2001-ва година и дополнети во 2003-та. Со нив им се забранува на американските граѓани да склучуваат бизнис- зделки со тие лица или да им префрлаат пари.