Трајанов: Експертска влада- решение за кризата
22.06.2016 13:11
Според lлидерот на Демократски сојуз, во новата влада треба да бидат вклучени сите партии, но и граѓанскиот сектор.

Што е можно побрзо да се формира експертска влада е решение за излез од политичката криза во Македонија изјави претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов по работната средба со холандскиот амбасадор, Волтер Пломп.
Според него, во новата влада треба да бидат вклучени сите партии, но и граѓанскиот сектор.
Трајанов вели дека нивните барања како партија се: реформи во судскиот систем, системот за безбедност, реформи во медиумите како и прочистување на избирачкиот список.
