Отворен центар за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар

22.06.2016 13:18

Покровител на центарот е Маја Иванова, сопругата на претседателот Иванов, поддржана од Амбасадата на Р.Бугарија во земјава.

Отворен е нов Центар за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар на нарушување. Покровител на центарот е Маја Иванова, сопругата на претседателот Иванов, поддржана од Амбасадата на Р.Бугарија во земјава.

Нашата цел беше да се обезбедат што посовремени и подобри третмани и терапии за децата со аутизам во Македонија. Сметам дека сите треба колку што можеме да помогнеме на ранливите, различните, а сепак еднакви категории граѓани во нашето општество, изјави Иванова.

Бугарскиот амбасадор во Македонија Петко Иванов, на отворањето порача дека сето ова се прави за децата, дека аутизмот не е болест, туку состојба. Ние треба да им помогнеме на тие деца да живеат со сите други, да растат и придонесат за развојот на земјата, рече Иванов.

Цел на центарот е поквалитетен живот на сите кои се соочуваат со аутизмот.