Современи третмани за лицата со аутизам
Отворен е нов Центар за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар на нарушување. Покровител на центарот е Маја Иванова, сопругата на претседателот Иванов, со поддршка од Амбасадата на Р. Бугарија во земјава. Цел на центарот е поквалитетен живот на сите кои се соочуваат со аутизмот...

Обезбедувење посовремени и подобри третмани и терапии за децата со аутистичен спектар на нарушувања. Во скопската населба Аеродром отворен Центар за сензорна терапија за лица со аутизам, чиј покровител е сопругата на Претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.
Според Иванова, отворањето на Центарот е успешен пример за една конструктивна соработка меѓу граѓанскиот сектор и државните институции. Отворањето на Центарот е финансиски помогнат и од бугарската амбасада.
Да не заборавиме, ова го правиме за децата. Аутизмот не е болест, туку состојба. Ние треба да им помогнеме на тие деца да живеат со сите други, да растат и придонесат за развојот на земјата, смета бугарскиот амбасадор во Македонија, Петко Иванов.
Со своите активности, здружението „Во мојот свет“ веќе 6 години ја подига свеста на луѓето за овие состојби. И натаму продолжуваат со борбата за подобар живот на лицата со аутизам, затоа што според статистиките, нивниот број постојано се зголемува.
Здружението им се заблагодари на поддржувачите, компаниите и на друштвото „Ноќни волци“ во помошта за реализација на проектот.
Наташа Гркова- Петрушевска
