Компанијата „Брако“ ќе вработува средношколци
22.06.2016 15:12
По завршената практика ќе бидат вработени во новата фабрика на компанијата „Брако“ во која се инвестирани 4 милиони евра...

30 најдобри ученици од четврта година од велешкото средно училиште „Коле Неделковски“ по завршената практика ќе бидат вработени во новата фабрика на компанијата „Брако“ во која се инвестирани 4 милиони евра.
Учениците од електро и машинската струка ќе бидат вклучени во производниот процес на компанијата, ќе бидат обучувани и надгледувани од вработените и искусниот кадар на „Брако“.
За да се подобрат соработката и едукацијата на учениците, „Брако“ му подари на училиштето дел од опремата, на која се произведуваат делови за потребите на компанијата.
