„Протестирам“ бара од пратениците да обезбедат заштита на СЈО

22.06.2016 16:35

Бараат од нив да обезбедат заштита на Специјалното јавно обвинителство, да не учествуваат во работата на Собранието, сѐ додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на СЈО, и додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите за излез од политичката криза, во улога на набљудувачи, извествувачи за јавност и консултанти.

Иницијативата „Протестирам“ со јавно обраќање до пратениците. Бараат од нив да обезбедат заштита на Специјалното јавно обвинителство, да не учествуваат во работата на Собранието, сѐ додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на СЈО, и  додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите за излез од политичката криза, во улога на набљудувачи, извествувачи за јавност и консултанти.

„Граѓаните решија да земат активна, конструктивна и одговорна улога во актуелната политичка криза, 70-дневните протести и улични дејствија изградија јасен граѓански политички и вредносен став од кој нема отстапување“ – се вели во јавното обраќање.