Состојбата во Украина- централна тема и на Самитот на Вишеградската група!

29.01.2014 11:41

Претставници на земјите на Вишеградската четворка ...

Претставници на земјите на Вишеградската четворка во Будимпешта ќе одржат Самит на кој ќе разговараат за ситуацијата на Украина, пренесоа чешките медиуми. На состанокот  покрај Чешка учествуваат и  Полска, Словачка и Унгарија, а според најавите ќе присуствува и новоименуваниот чешки премиер Бохуслав Соботка. Тој уште пред неколку дена предупредил  дека немирите во Украина може да ја зафатат цела централна Европа и оценил дека земјите на Вишеградската група треба со заеднички став да ги повикаат завојуваните страни да стават крај на насилството и да донесат демократско решение.

Вишеградската група е формирана во 1991- та на средба на лидерите на четирите земји во унгарскиот град Вишеград,  со цел да се обезбеди институционална соработка меѓу нејзините членки  за зачленување во ЕУ. По приемот на четирите земји во ЕУ  2004-та, активностите во рамките на Вишеградската група се насочија кон соработка во сферата на енергетиката, безбедноста и партнерстворо со државите од источна Европа, како Русија и Украина. Годинава со В4 претседава Словачка.

 

Лидија Чакар