Почнува битолскиот „Шекспир фестивал“
Годинава фестивалот ќе има богата и разновидна театарска програма со непобитни естетски вредности...

Утревечер стартува 4-тото издание на интернационалниот Битола „Шекспир фестивал“. До први јули ќе бидат одиграни 10 претстави од светки познати театарски куќи.
Овој фестивал е значајна меѓународна манифестација која за кусо време се етаблира во мрежата на театарските куќи кои го чуваат и негуваат творештвото на најголемиот светски драматург. Тоа го покажаа и изминатите три фестивали рече министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска на денешниот прес во Битола.
Годинава фестивалот ќе има богата и разновидна театарска програма со непобитни естетски вредности, која, како што рече Канческа- Милевска, ќе ја презентираат националните театарски куќи од Соединетите Американски Држави, Србија, Турција, Полска и од Израел.
