Адвокатите бараат што поскоро да се најде решение за штрајкот на судската администрација
22.06.2016 14:27
„Со целосно почитување на законското право на штрајк, нагласуваме дека и адвокатите трпат последици од неработењето на судовите...
Адвокатската комора бара брзо решение за штрајкот на вработените во судската администрација.
„Со целосно почитување на законското право на штрајк, нагласуваме дека и адвокатите трпат последици од неработењето на судовите, што уште повеќе го изразува интересот на Адвокатската комора за изнаоѓање прифатливо решение за проблемите што се причина за штрајкот“ – се вели во дописот од Адвокатската комора, по одржаната седница на Ууправниот одбор.
