СДСМ: Иванов да поднесе оставка
Во состојба на длабока политичка криза, кога улиците се преплавени со луѓе кои бараат правда и слобода преку достоинствени протести, Иванов се закани со можност за употреба на Армијата и нов државен удар против граѓаните и Македонија, стои во реакцијата.

Во сопствениот хаос во којшто се наоѓа Иванов, срамната и незаконска одлука за аболиција што ја донесе, а потоа самиот ја повлече, повторно неуспешно се обиде да ја оправда, реагираше СДСМ.
Во состојба на длабока политичка криза, кога улиците се преплавени со луѓе кои бараат правда и слобода преку достоинствени протести, Иванов се закани со можност за употреба на Армијата и нов државен удар против граѓаните и Македонија, стои во реакцијата.
Социјалдемократите сметаат дека Иванов е опасен да ја врши функцијата Претседател на државата, а во неговото обраќање гледаат обид да се нарушат статусот, правната поставеност и работата на Специјалното јавно обвинителство, како и да отвори простор на друг начин да биде спречена правдата. Од СДСМ побараа Иванов да си поднесе оставка.
