Пластиката која доаѓа во допир со храната е под лупа

23.06.2016 10:05

Агенцијата за храна и ветеринарство врши контрола за намалување на ризикот со ваквата амбалажа да се пренесуваат опасни супстанци во храната...

Агенцијата за храна и ветеринарство уште пред 3 години го донесе Правилникот за  безбедноста на пластичните материјали кои доаѓаат во допир со храната.  

Детално се опишани суровините од кои може да бидат направени пластичните амбалажи и методите за вршење на лабораториски анализи.

Пакувањата целосно ќе се контролираат па дури и затворачите на шишиња.

Примената на оваа регулатива е важна, бидејќи гарантира повисок степен на безбедност на производите, и заштита на здравјето на потрошувачите.

Во Европа сѐ повеќе се заоструваат критериумите за контролата на материјалите во кои се пакува храната.

Новите правила кај нас, важат и се применуваат од јануари годинава.

 

Методија Трајков