Димитриев: Различностите во Македонија се наша предност и богатство кои треба да ги негуваме
Премиерот Емил Димитриев, кој присуствуваше на вечерата, упати честитка до исламските верници за светиот месец Рамазан.

Во рамките на Рамазанските пости, синоќа во Велес се одржа Ифтар вечера што ја организираше велешкиот градоначалник Славчо Чадиев. Премиерот Емил Димитриев, кој присуствуваше на вечерата, упати честитка до исламските верници за светиот месец Рамазан.
Различностите во Македонија се наша предност и богатство кои треба да ги негуваме, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го препознава од дамнина, уште од Крушевскиот манифест, кој е еден од најавтентичните граѓански акти што нашата организација го има донесено во минатото, како и од политиката која сега ја спроведуваме, потенцира Димитриев.
На дело покажуваме дека оваа партија прерасна во граѓанска партија во која се обединуваат сите етнички структури, додаде тој.
