Осомничените во предметот „Тврдина“ на распит пред судија на претходна постапка

23.06.2016 12:34

По предходната одлуката на Кривичниот суд за одбивање на притворот, целиот предмет е вратен во одделението на судиите од претходна постапка.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на распит во Кривичниот суд, како осомничена во предметот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.

Уште тројца осмоничени, вработени во МВР, ќе бидат сослушани. За нив Специјалното обвинителство побара мерки за претпазливост.

За попладнево и првоосомничениот во случајот, началникот на Петтата управа е повикан во судот, за кого се бара мерка притвор.

По предходната одлуката на Кривичниот суд за одбивање на притворот, целиот предмет е вратен во одделението на судиите од претходна постапка.