Над 100 културни случувања на „Топол културен бран“
Од ресорното Министерство велат дека нивната цел е на македонската публика да и го претстават најдобото од светската музичка продукција, но и остварувањата на нашите институции...

По девети пат Македонија ќе ја зафати „Топол културен бран“. Во 31 општина, стотина културни случувања. Театарски претстави од репертоарот на националните театарски куќи, Македонскиот народен театар, Театарот Комедија, Охридскиот, Штипскиот и Албанскиот театар, концерти на етногрупите Монистра, „Синтезис“, „Љубојна“, концерт на ансамблот„Танец“, и настапи на помали фолклорни друштва преку кои ќе се промовира македонскиот фолклор и македонската изворнапесна ќе се реализираат во две етапи, од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август.
Од ресорното Министерство велат дека нивната цел е на македонската публика да и го претстават најдобото од светската музичка продукција, но и остварувањата на нашите институции, на Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, театрите, музите, кои во рамките на годишната програма остваруваат голем број гостувања низ целата држава, особено во летниот период.
Преку традиционалната манифестација „Топол културен бран“ во изминативе осум години се реализирани повеќе од 800 проекти.
Наташа Јанчиќ
