Повторно кражба на училишни компјутери

29.01.2014 12:05

Во периодот од 24-ти до 27-ми јануари...

Во периодот од 24-ти до 27-ми јануари во село Батинци, скопскo во основното училиште „Алија Авдовиќ“ непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба од кадешто украл 37 лап топ компјутери. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.