Сулејман Османи екстрадиран од Косово во Македонија
23.06.2016 14:52
Обвинет е за серија кривични дела поврзани со терористичкиот напад во Куманово кога беа убиени 8 полицајци.

Сулејман Османи, познат како командант Сула е екстрадиран од Косово во Македонија, потврдија од МВР. 55-годишниот османи во јули, минатата година беше уапсен од косовските власти по распишана меѓународна потерница.
Обвинет е за серија кривични дела поврзани со терористичкиот напад во Куманово кога беа убиени 8 полицајци.
Иако претходно беше уапсен во Македонија, османи во чудни околности со лисици на рацете успеа да и побегне на полицијата додека и го покажуваше теренот во Гошинце каде претходно дејствувал со терористичката група.
