Заев: Го замрзнуваме учеството во Собранието

23.06.2016 15:06

Лидерот на СДСМ уште еднаш побара пречистување на избирачкиот список и регулација на медиумите за, како што рече, одржување брзи, фер и демократски избори.

Сѐ додека Уставниот суд не се произнесе за законитоста на Специјалното јавно обвинителство, СДСМ и коалициските партнери нема да учествуваат во работата на Собранието, изјави лидерот на партијата Зоран Заев.

„Додека не се изјасни Уставниот суд за уставноста на Законот за СЈО, пратениците од СДСМ и коалициските пратеници нема да учествуваат во работата на Собранието. Пратениците имаат обврска да дејствуваат во заштита на институцијата- симбол на правдата и вистинската борба против криминалот, што едногласно е изгласана. Сите партии треба да покажат дека навистина ја поддржуваат работата на СЈО“, рече Заев на денешната прес- конференција.

Лидерот на СДСМ уште еднаш побара пречистување на избирачкиот список и регулација на медиумите за, како што рече, одржување брзи, фер и демократски избори.