Метео: Продолжува топлото време, заладување од недела
23.06.2016 15:16
Посвежо време со благ пад на температурите и повеќе услови за локални врнежи од дожд се очекува од недела.

И утре во Македонија ќе превладува сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.
Попладне е можна изолирана појава на краткотраен локален дожд со ретки грмежи.
Посвежо време со благ пад на температурите и повеќе услови за локални врнежи од дожд се очекува од недела.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
