Измама за хируршка операција од седум илјади долари
29.01.2014 12:09
СВР Куманово поднесе кривична пријава против лице од Куманово, за сторено кривично дело „измама“.
Лани во ноември, пријавената кумановчанка со намера да прибави противправна имотна корист довела во заблуда триесет и две годишно лице, исто така од Куманово, од која зела седум илјади долари, за да и биде извршена хируршка интервенција во Србија.

Откако оштетената и ги дала парите во текот на наредниот месец и ги побарала, по што пријавената негирала дека ги зела.