Продолжен рокот за пријавување субвенции за млеко

24.06.2016 11:11

За дополнителни 5 дена Платежната агенција го продолжи рокот за пријавување на субвенциите за предаденото млеко. Поднесувањето на барањата ќе биде од 25 до 30 јуни.

Рокот за поднесување на барањата за субвенционирање на  произведеното и предаденото овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од јануари до април 2016 година ќе се продолжи од 25 до 30 јуни  годинава.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.

Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Во истиор рок можат да се поднесуваат и барањата за купени несилки во периодот од јануари до април 2016 година.

 Висината на поддршката изнесува 100 денари за неслика.

Рокот за поднесување и на барањата за најголениот дел од другите субвенции завршува на 30 јуни 2016 година.

 

Методија Трајков