Пад на светските берзи по британското НЕ за ЕУ

24.06.2016 13:00

Истовремено фунтата загуби во однос на доларот и забележа паритет како во 1985-тата година.

Експресно реагираа светските берзи по одлуката на Британија да ја напушти Европската унија. Јапонскиот индекс НИКЕИ на токиската берза загуби 3% на отворањето по веста за британскиот референдум.

Индексот на Франкфуртската берза, ДАКС загуби 7,53% во однос на претходниот ден, односно минус од 994 поени. Истовремено фунтата загуби во однос на доларот и забележа паритет како во 1985-тата година.

И Атинската берза забележа двоцифрена загуба, а вкупниот индекс на пазарот на акции во Атина падна за сто поени и сега изнесува 520.