Мицајков заминал на лекување и не се вратил во затвор
29.01.2014 12:26
Според информацијата од Управата за извршување санкции...

Според информацијата од Управата за извршување санкции, поранешниот директор на Тутунски комбинат Прилеп, Тони Мицајков побарал прекин на затворската казна поради болничко лекување, кое му било законски овозможено од 31 август до 01 октомври 2013 година.
Откако не се вратил во предвидениот датум, на 2 октомври, од Казнено- поправниот дом Идризово побаран е налог од судот за распишување на потерница. Од судот ги препратиле во МВР, кадешто се проверува дали воопшто е пристигната
таква информација до нив.
Мицајков не се лекувал во затворското одделение, туку бил на домашно лекување. Тој сеуште не е лоциран, а по него е распишана потерница.
Осуден е во 2010 на петгодишна затворска казна за злоупотреба на службената положба во време на директорувањето во Тутункиот комбинат во Прилеп.