Отворена нова градинка во Петровец

24.06.2016 13:14

Владата, рече Димитриев ќе продолжи со проектите во Петровец со цел подобрување на условите за живот на граѓаните.

Премиерот Емил Димитриев денеска беше во Општина Петровец каде се отвори новата детска градинка со капацитет за згрижување 80 деца. Владата, рече Димитриев ќе продолжи со проектите во Петровец  со цел подобрување на условите за живот на граѓаните.

Свесни за потребите и барањата на граѓаните за зголемување на сместувачките капацитети во градинките и секогаш водени од потребата да им се излезе во пресрет на граѓаните, како Влада сериозно пристапивме кон нивните барања и тоа досега, вклучувајќи го и овој објект, резултираше со 48 новоизградени градинки во градовите и руралните средини, рече Димитриев, додавајќи дека радува фактот што се јавува потреба за отворање нови градинки.

Продолжува инвестицискиот циклус во кои се подобрува инфраструктурата, водоводната и нанализациона мрежа во општината, а се поголем е бројот на инвеститори во зоните Чојлија и Ржаничино, изјави Димитриев.