Попоски за Брегзит: Македонија изгуби поддржувач на процесот на проширување на ЕУ

24.06.2016 14:29

Министерот Попоски, ја коментираше одлуката на Обединетото Кралство за напуштање на Европската унија...

Македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски, ја коментираше одлуката на Обединетото Кралство  за напуштање на Европската унија.

„За Европската Унија такво сценарио значи загуба на значајна земја- членка. За Балканот и за Македонија, пак, значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширување. Очигледно е дека треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит во носење на некои политички одлуки за Европа. Во Македонија, пак, треба да продолжиме да го правиме тоа што нам ни е во интерес и нам ни одговара: да бидеме конкурентни и вклучени во рамки на најбогатиот заеднички пазар во светот и со тоа да создаваме подобри можности за работа и за подобар стандард на македонските граѓани во земјава“ – вели министерот за надворешни, Попоски.