Миноски: Кризата влијае на економијата, неопходна корекција на државната каса

24.06.2016 14:47

Миноски вели дека целта на владата е да обезбедат ликвидност на приватниот сектор преку редовна исплата на платите, пензиите, субвенциите, социјалната помош, како и задржување соодветно ниво на капитални расходи, за да се поддржи економскиот раст.

Политичката неизвесност сигурно ќе има ефект врз економијата, поради што ќе се прекрои и државната каса, истакнува министерот за финансии Кирил Миноски во интервју за МИА, во кое вели дека фирмите се воздржуваат од инвестиции, граѓаните од потрошувачка на трајни добра, а банките се повнимателни при давањето кредити.

Миноски вели дека целта на владата е да обезбедат ликвидност на приватниот сектор преку редовна исплата на платите, пензиите, субвенциите, социјалната помош, како и задржување соодветно ниво на капитални расходи, за да се поддржи економскиот раст.

Со оглед на политичката ситуација, Миноски во интервјуто најавува дека треба да се направат корекции во државната каса.

„Ребалансот ќе биде одговор на ефектите од политичката криза, односно реакција на забавувањето на растот преку поддршка на приватната потрошувачка и јавните инвестиции. Капиталните инвестиции остануваат на високо ниво, повисоко од минатата година. Продолжуваме со спроведување на крупните инфраструктурни проекти. Продолжуваме со изградба на автопатишта, на регионални патишта, локални патишта, со реконструкција на железницата, со изградба на училишта, болници“, истакнува Миноски.