Врховниот суд го блокира законот на Обама за заштита на мигрантите од депортација

24.06.2016 15:19

Судиите беа со поделени мислења за предлог- законот, четворица го поддржаа, а четворица гласаа против, па поради тоа остана во сила пресудата на понискиот суд со која се поништува предлогот.

Американскиот Врховен суд синоќа го блокираше предлог-законот кој го предложи претседателот Обама , со кој милиони мигранти ќе беа заштитени од депортација.

Судиите беа со поделени мислења за предлог- законот, четворица го поддржаа, а четворица гласаа против, па поради тоа остана во сила пресудата на понискиот суд со која се поништува предлогот.

Обама одлуката на Врховниот суд ја оцени како „многу тажна за милионите мигранти кои тука ги изградија своите животи“, но исто така ги предупреди своите противници дека нема да можат уште долго да го спречуваат остварувањето на соништата на мигрантите.