Линдзи Вон нема да се откаже од скијањето
Очекувајќи го почетокот на Зимските Олимписки Игри (ЗОИ) во Сочи, името на Линдзи Вон котира највисоко на листата натпреварувачи коишто ќе го пропуштат најголемиот собир во белите спортови годинава. Но, нејзините бројни фанови низ планетата можат да здивнат.
Славната американска алпинка нема намера да се откаже од скијањето !

„Штом решив да го прескокнам Сочи, всушност си дадов обврска да продолжам да скијам барем до следните Игри во 2018 во Јужна Кореја“, рече Вон во телевизиско интервју за NBC. „Силно сум мотивирана, има уште многу нешта коишто сакам да ги постигнам. Ќе земам повеќе време да одморам, бидејќи претходниот пат малку побрзав, обидувајќи се да се вратам за навреме да се подготвам за Сочи. Веројатно нема да застанам на скии до октомври“, изјави 29-годишната алпска ѕвезда, признавајќи дека ќе и биде тешко да ги гледа конкурентките коишто ќе се борат за трофеите на олимпијадата во Сочи.
„Ќе скијам пак наредната година, па и годината потоа и таа потоа...“, беше сликовита во изразувањето Линдзи Вон.
Американката изрази надеж и дека ќе стигне навреме да ја поправи формата за да настапи на Светското Првенство во алпско скијање коешто во февруари 2015 ќе се одржи во Вејл, САД. Крајот на оваа сезона ќе го пропушти бидејќи се опоравува од втората операција на коленото, коешто и создава проблеми во последниве сезони.