Седници на две собраниски комисии
27.06.2016 08:27
На дневен ред на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е заклучокот по Огласот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија што го избира Собранието на Република Македонија.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата и за транспорт, врски и екологија.
На дневен ред на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е заклучокот по Огласот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија што го избира Собранието на Република Македонија.
Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да го разгледува Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти во 2015 година.
