Тече рокот за пријавување субвенции во земјоделството

27.06.2016 10:21

Земјоделците имаат уште неколку денови за пријавувањето на субвенциите во земјоделството. Фармерите кои имаат услови, ќе можат и самите по електронски пат да ги поднесуваат барањата од дома.

До четврток, 30 јуни земјоделците ќе можат да поднесуваат барања за субвенционирање на производството. Тоа доколку имаат услови тоа можат да го направат и од дома, со компјутер.

Барателот може да ги внесе потребните податоци и со помош на вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство и на советодавната агенција.

Досега поголемиот дел од корисниците на субвенции веќе ги доставиле апликациите.

Во овој период се поднесуваат барањата за растителното производство, односно за житни и за градинарски култури, за одржување на лозови и овошни насади, како и за производство на сертифициран семенски и саден материјал.

За сточарското производство се поднесуваат барања за одгледување на говеда, овци, кози, свињи, пчели и живина.

Методија Трајков