Британија може никогаш формално да не покрене процес за „развод“ со ЕУ?!

27.06.2016 10:31

Држава која излегува од ЕУ мора и формално да го извести Европскиот совет според член 50 од Лисабонскиот договор.

Британија може никогаш формално да не покрене процес за „развод“ со Европската унија и покрај референдумот на кој е решено државата да ја напушти унијата, изјави неименуван дипломат од ЕУ, јавија западни медиуми.

„Лично сметам дека тие никогаш нема да ја известат ЕУ за намерата за напуштање“, изјавил неименуван дипломатот.

Држава која излегува од ЕУ мора и формално да го извести Европскиот совет според член 50 од Лисабонскиот договор.

Дипломатот не прецизирал дали смета оти Британија ќе го избегне тоа поради одржувањее нов референдум или едноставно ќе го оддолжува процесот за да добие повеќе од тој „развод“.