„Економист“: Британија може да влезе во рецесија
Велика Британија може да влезе во рецесија, а тоа значи помалку работни места, пониски даночни приходи, а можеби и дополнителни мерки за штедење, пишува „Економист“.

Падот на британската фунта на најниско ниво во последните 31 година е предзнак за тоа што ќе се случува во иднина по одлуката за Брегзит, смета магазинот „Економист“. Велика Британија може да влезе во рецесија, а тоа значи помалку работни места, пониски даночни приходи, а можеби и дополнителни мерки за штедење, пишува „Економист“.
Американската инвестициска банка „Џеј-Пи Морган Чејс“ предупреди дека може да го пресели работењето од Велика Британија бидејќи земјата се изјасни за излез од ЕУ.
„Џеј-Пи Морган Чејс“ вработува 16.000 луѓе во Велика Британија, а претседателот и извршен директор Џемји Дајмон неодамна изјави дека излезот на земјата од ЕУ може да доведе до преселување на 4.000 работни места.
